Холандскиот фудбалер Квинси Промес кариерата ќе ја продолжи во шпанскиот клуб Севиља.
За Промес, кој досега настапуваше за московски Спартак, интерес пројавиле повеќе клубови, но според пишувањата на шпанските медиуми, Севиља успеала да го обезбеди неговиот трансфер во финишот на преодниот рок.
Шпанскиот клуб за холандскиот фудбалер ќе му плати на Спартак 21 милион евра, иако тој во Москва дојде од Твенте за 11,5 милиони.
Промес во изминативе четири сезони за Спартак настапи на 115 натпревари и постигна 59 голови, а минатата сезона беше најефикасен и на 37 натпревари постигна 21 гол.