Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека доколку е потребно ќе се организираат „многу пообемни“ од претходно зеднички воени вежби помеѓу САД и Јужна Кореја.

Но, тој во исто време истакна дека во моментот нема причина да се трошат милиони долари на воени вежби.

Трамп тоа го напиша во еден од низата твитови во кои ја обвинува Кина за недоволен напредок во убедувањето на Северна Кореја да стави крај на својата нуклеарна програма.

Во јуни Трамп го прекина одржувањето на воени вежби со Јужна Кореја, нарекувајќи ги скапи и провокативни.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/08/2018 11:42