Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон изјави дека во Франција не е така стрсно како во неговата татковина.

Буфон во летниот преоден рок потпиша за ПСЖ и не жали за таквата одлука.

- Во Италија малку и се претеруваше со одредени работи. Премногу бевме оптоварени со фудбалот, додека тука пристапот е целосно различен. Овде е поспокојно, поопуштено, повеќе се ужива. Има помалку стрес. Среќен сум и полн со ентузијазам, изјави Буфон.

40-годишниот Буфон кариерата ја започна во Парма во 1995 година. Од 2001 година до оваа сезона беше дел од Јувентус. За Италија бранеше од 1997 до годинава кога стави крај на репрезентативната кариера.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/08/2018 12:25