Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека работи на организирање на состанок на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Мајк Помпео, на маргините на претстојната седница на Генералното собрание на Обединети нации.
Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова изјави дека се разгледуваат можностите за средба на Лавров со Помпео.
Седницата на ГС на ОН почнува на 18 септември во Њујорк.
Портпаролката на Стејт департментот Хедер Нојерт претходно изјави дека Помпео сака средба со Лавров за да разговара за билатералните односи.