Група граѓани од малиот град Акатлан во централно Мексико, од полициски притвор киднапираше две лица, осомничени за киднапирање деца, и живи ги запали.

Полицијата на сојузната држава Пуебла соопшти дека мажите на возраст од 53 и 21 година биле притворени под обвинение за киднапирање деца. Откако биле доведени во полициска станица, се собрале околу 150 луѓе, го зазеле затворот и ги извеле осомничените надвор. Потоа ги полиле со запалива супстанца и ги запалиле заедно со нивниот автомобил.

Државната полиција соопшти дека локалните власти не ја следеле предвидената процедура за барање зајакнување и преговарачи.

Случаите на линч се се почести во централно Мексико.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/08/2018 13:45