Русија од 1 до 8 септември ќе одржи воени вежби во Средоземното море во кои ќе учествуваат 25 воени бродови и 30 авиони, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
- Во согласност со планот за обука на руските вооружени сили, вежби со големи размери на групации на силите на руската морнарица и воздухопловните сили ќе бидат спроведени од 1 до 8 септември 2018 во Средоземното море под раководство на главниот командант на морнарицата, адмиралот Владимир Корољов, стои во соопштението.
За време на вежбите во Медитеранот, планирано е распоредување на повеќе од 25 воени бродови и помошни пловила на чело со ракетниот крстосувач „Маршал Устинов“, информира Министерството.
- Во меѓународниот воздушен простор, задачите од обуката ќе ги извршуваат околу 30 авиони, вклучувајќи стратешки бомбардери носачи на ракети „Ту-160“ и „Ту-142МК“, како и противподморнички воени авиони „Ил-38“, ловци „Су-33“ и авиони на поморското ваздухопловство „Су-30СМ“, се додава во соопштението.
Вежбите се организараат во момент кога меѓу Русија и Западот постојат тензии поради северниот сириски регион Идлиб кој е под контрола на бунтовниците, а каде сирискиот претседател Башар ал-Асад подготвува офанзива.