Јапонската компанија Панасоник (Panasonic) соопшти дека ќе го премести своето европско седиште од Велика Британија во Амстердам поради претстојниот Брегзит.

Директорот на Панасоник Јуроп, Лорен Абади рече дека целта на преселувањето, кое ќе биде во октомри, е да се избегнат можните спорни прашања околу данокот кога Велика Британија ќе излезе од ЕУ.

Во пресрет на излегувањето на Британија од ЕУ во март следната година, поголем број мултинационални компании соопштија дека ќе ги преместат своите европски седишта од таа земја.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/08/2018 14:15