Кавадарци во следниве три дена (31 август - 2 септември) ќе биде домаќин на велосипедската кадетско-јуниорска балканска елита.

Организацијата е на страна на Велосипедската федерација на Македонија, под покровителство на Агенцијата за млади и спорт и Општина Кавадарци.

- АМС финансиски ја поддржува Велосипедската федерација на Македонија, за организација на разни проекти за домашни и меѓународни натпреварувања, за едукација на тренери, за младински клубови. Тоа се средства кои директно се наменети за спортистите. Продолжуваме со силна поддршка во насока на развивање на велосипедизмот и кај професионалните тимови и во рекреативни рамки, рече Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт.

Предвидено е учество на 12 држави од Балканот, членки на Балканската велосипедска унија („BCU“), а секоја држава може да учествува со максимум по 14 велосипедисти, во машка и женска конкуренција или вкупен број на натпреварувачи 168, што го прави овој настан еден од најмасовните велосипедски настани во Македонија.

Рангирањето е во поединечна конкуренција, победникот во секоја категорија се здобива со назив Балкански шампион .

Трката се одржува по техничкиот правилник на „UCI“ и правилникот на ВФМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/08/2018 14:48