Од оваа есен фирмите ќе можат да аплицираат за 100 милиони евра евтини кредити обезбедени од Европската инвестициска банка (ЕИБ).

Предлог на Законот за гаранција на РМ на обврските по овој финансиски договор влезе во собраниска процедура. Откако ќе биде усвоен ќе следи потпишување на финансискиот договор за гаранција, по што фирмите ќе може да аплицираат во комерцијалните банки.

- Проектот има за цел обезбедување свеж капитал за малите и средни претпријатија во насока на поддршка на нови проекти, нови вработувања, зголемена ликвидност на стопанството и зголемен извоз, образложи Тевдовски.

Од Европската инвестициска банка досега се повлечени 350 милиони евра со кои во стопанството се поддржани над 1.500 проекти.

Првиот кредит од оваа кредитна линија е даден крајот на 2009 година. Кредитите се пласираат преку 10 домашни банки - Комерцијална, НЛБ Банка, Охриска банка, Стопанска банка Скопје, Стопанска банка Битола , Халк банка, Прокредит банка, Шпаркасе банка. УНИ Банка, ТТК Банка.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/08/2018 15:11