Австрија денеска предложи користење на вооружените сили на Европската унија за да се помогне на пограничната полиција на Унијата во запирање на илегалните мигранти.

Австриската владејачка коалиција сака посилна контрола на европските копнени и морски граници.

Министерот за одбрана Марио Кунасек на затворен состанок со други европски министри го изнел својот план што се темели на австриското искуство на испраќање војска на граница.

– Мора ефикасно да се штитат нашите граници, изјави Кунасек по состанокот и додаде дека за тој предлог имале „позитивна расправа“.

Кунасек го изнел својот предлог за ставање на располагање на европската погранична агенција Фронтекс по австриските вежби во јуни кога бил симулирано доаѓање на стотици мигранти, а биле користени војници и воени хеликоптери.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/08/2018 15:42