Поранешниот потпретседател на ФИФА, Хуан Анхел Напуд, е осуден на деветгодишна затворска казна заради рекетирање и корупција во текот на неговиот мандат.

Тој е еден од функционерите на ФИФА кои беа обвинети во рамките на големиот корупциски скандал во Светската фудбалска федерација. Напут за време на скандалот беше претседател на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), а пресудата му ја изрече суд во Њујорк.

Во образложението на неговата пресуда се наведува дека е осуден за рекетирање и за учество во заговор за измама. Освен деветгодишната затворска казна, изречена му е и парична казна од 4,3 милиони долари.

Напут е втор висок функционер на ФИФА осуден во овој скандал, откако пред неколку дена на затворска казна од четири години беше осуден и поранешниот претседател на Бразилската фудбалска федереација, Хосе Марија Марин.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/08/2018 16:58