Легендарниот фудбалер на Јувентус и поранешен претседател на УЕФА, Мишел Платини, изјави дека не го сфаќа трансферот на Кристијано Роналдо и го смета за чуден.
Роналдо летово со трансфер во висина од 112 милиони евра премина од Реал Мадрид во Јувентус, а навивачите на клубот од Торино не ја криеја радоста за неговото доаѓање.
- Мислам дека е чудно играч на 33 години да го напушти клубот со кој освоил во низа три трофеи во Лигата на шампионите, само за да искуси нова авантура. Jас кога имав 32 години, повеќе клубови ме бараа за играч, но се повлеков бидејќи бев уморен. Воопшто не го разбирам овој чекор, истакна Палтини за францускиот весник „Лекип“.
Како причина за трансферот на Роналдо беше наведено неговото незадоволство од статусот во Реал Мадрид.