Европската фудбалска унија (УЕФА) планира од сезоната 2021/2022 да организира ново меѓународно клупско натпреварување, објави германски „Билд“.

Во третото и најслабо по квалитет европско натпреварување би учествувале 32 клуба, а со неговото воведување најголеми промени би претрпела Лига Европа. Во сегашниот формат во Лига Европа учествуваат 48 тимови, а од 2021 година нивниот број би се намалил на 32 и натпреварувањето би добило во квалитет.

Новоформираното натпреварување ќе се вика Куп на Европа.

Во УЕФА сметаат дека со формирањето на ова натпреварување ќе се зголеми атрактивноста на Лига Европа, а тоа ќе повлече поголем број спонзори и навивачи.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/08/2018 19:09