Фудбалерот на Динамо Загреб, Аријан Адеми, поради повреда нема да настапи за македонската репрезентација на натпреварите од Лигата на нациите против Гибралтар на шести септември и против Ерменија на девети септември.

Адеми се повреди на возвратниот плеј-оф натпревар од Лигата на шампионите меѓу Динамо Загреб и Јанг Бојс и беше заменет по 32 минути игра. По направените медицински прегледи утврдено е дека има расцепување на задниот бутен мускул, а тоа значи дека македонскиот репрезентативец ќе мора да паузира еден месец.

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски, нема да повикува замена за повредениот Адеми за првиот од двата септемвриски натпревари, а дополнително ќе одлучи дали ќе повикува друг фудбалер за дуелот против Ерменија.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/08/2018 20:21