Министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн денеска ја критикуваше Австрија велејќи дека оваа земја не е достојна да биде претседавач со Европскиот совет поради нејзиниот став кон мигрантите.
- Не е добар пример ако со Советот претседаваат земји кои ја поддржуваат Италија во распределбата на мигрантите, изјави Аселборн. Десничарската Влада на Австрија се залага за чување на европската надворешна граница од неконтролирана миграција и соработува со Италија и Унгарија по ова прашање. Аселборн ја повика Австрија да прими дел од мигрантите кои доаѓаат во Италија од Либија, и чија натамошна судбина предизвика политичка криза во ЕУ.
- ЕУ дојде во многу тешка состојба, и земјата претседавач, која и да е, би требала да даде се од себе по прашањата на солидарност и владеење на правото, а не да предлага воени операции во северна Африка и да го минира изнаоѓањето на решенија, изјави луксембуршкиот министер.