Серхио Рамос и Мохамед Салах одново се во центарот на вниманието откако седеа еден зад друг на церемонијата која се одржа во Монако за извлекувањето на групите од Лигата на шампионите.

Капитенот на „Кралевите“ се појави на сцената за да ја добие наградата најдобар дефанзивец и кога се врати на своето место го допре Салах по рамото,она кое Египјанецот го повреди во Киев и поради тоа мораше уште во првото полувреме да го заврши својот настап на натпреварот на неговата кариера.

Реакцијата на Салах беше бесценета, играчот на Ливерпул не мрдна и не сакаше ниту да го погледне Серхио Рамос.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2018 01:54