Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави дека е во разговори со Русија и Иран со цел да се спречи катастрофа во сириската област Идлиб, која е последната поголема територија под контрола на бунтовниците.

Сириската армија и нејзините руски и ирански сојузници подготвуваат офанзива во Идлиб, а западните земји предупредуваат на опасноста при тоа Сирија да употреби хемиско оружје.

Ердоган изјави дека разговорите се водат со цел да се избегне повторување на хуманитарната катастрофа во метрополата Алепо, која беше освоена од страна на Сирија, Русија и Иран во 2016 година.

Тој се сретна со иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф, во пресрет на планираната средба на лидерско ниво меѓу Турција, Русија и Иран.

Специјалниот пратеник на Обединетите нации, Стафан де Мистура побара да се дозвли евакуација на цивилите од Идлиб подалеку од регионот. Според него, можно е дури три милиони лица да бидат зафатени од планираната операција во регионот, во кој има околу 10.000 исламистички борци.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2018 09:16