Речиси тројно зголемено во однос на августовскиот просек е нивото на реката Црна кај Новаци, а речиси двојно повиски се нивоата на Вардар кај Зајчев Рид и на Треска кај Македонски Брод.

Според денешните хидролошки мерења на УХМР, над просекот за август се и Брегалница кај Штип, Вардар кај Јегуновце, Велес и Демир Капија, Пчиња кај Катлановска Бања и Црн Дрим кај Ложани.

Намалувања бележат Крива Река кај Крива Паланка и Брегалница кај Берово.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2018 12:54