Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач, беше задоволен од жрепката за групната фаза во Лигата на шампионите. Баерн за противници ги доби Бенфика, Ајакс и АЕК и е фаворит за првото место.
- Ова е интересна група со тимови кои имаат големи традиции. Нашите навивачи имаат право да очекуваат три прекрасни фудбалски натпревари од Лигата на шампионите на свој стадион. Од спортска гледна точка, јас сум многу задоволен. Ние сме фаворити, но мораме да дадеме максимум на секој натпревар за да го покажеме тоа и на теренот, изјави тренерот на Баварците, Нико Ковач.
Раководството и навивачите на Баерн имаат големи амбиции и очекуваат нивниот клуб да стигне до завршницата на елитното натпреварување.