При акциска контрола на МВР за откривање и санкционирање на возачи кои организираат и учествуваат во диви трки, ноќеска на подрачјето на СВР Скопје привремено биле задржани пет мотоцикли.

Од страна на полициски службеници привремно се задржани пет мотоцикли, четири за проверка на техничка исправност и составни делови на возилата и еден под сомнение за царински прекршок.

По однос на останати прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, како што информира МВР, преземени се вкупно 15 мерки за сторени сообраќајни прекршоци.

Акцијата МВР ја спровела ноќеска од 22.30 до 02.00 часот изутринава.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2018 14:05