Познати се составите на групите за новата сезона во второто по квалитет континентално клупско европско натпреварување – Лига Европа.

На денешната жрепка во Монте Карло учествуваа 48 тимови.

Состав на групите:

А: Баер Леверкузен, Лудогорец, Цирих, АЕК Ларнака. Б: Салцбург, Селтик, Лајпциг, Розенборг. Ц: Зенит, Копенхаген, Бордо, Славија Прага. Д: Андерлехт, Фенербахче, Динамо Загреб, Спартак Трнава. Е: Арсенал, Спортинг Лисабон, Карабаг, Ворскла. Ф: Олимпијакос, Милан, Бетис, Дуделанж. Г: Виљареал, Рапид Виена, Спартак Москва, Глазгов Ренџерс. Х: Лацио, Олимпик Марсеј, Ајнтрахт Франкфурт, Аполон. И: Бешикташ, Генк, Малме, Сарпсборг. J: Севиља, Краснодар, Стандард, Ахисарспор. К: Динамо Киев, Астана, Рен, Јаблонец. Л: Челзи, ПАОК, Бате Борисов, Види Мол.

Првите натпревари ќе се играат на 20 септември, а групната фаза ќе заврши на 13 декември.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2018 14:29