Компанијата „Кока-Кола“ соопшти дека е постигнат договор за преземање на „Коста Лимитед“, еден од водечките светски трговски центри за кафе.

„Кока-Кола“ ќе ја преземе „Коста“ од Whitebread PLC во трансакција вредна 5,1 милијарди долари, со што ќе ја зајакне позицијата на пазарот за кафе во делови од Европа, Азија и Пацификот, Блискиот Исток и Африка со силна перспектива за натамошно проширување.

Освен брендот „Коста“, компанијата „Кока-Кола“ ќе добие и 4.000 локации за малопродажба

„Коста“ е водечки бренд за кафе во Велика Британија, а значителен раст бележи во Кина.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2018 16:22