Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, ја продолжи „војната“ со медиумите, откако во изминатиов период е цел на постојани критики поради лошите резултати на неговиот тим. Минатото коло Јунајтед беше поразен со убедливи 3:0 од Тотенхем, а на денешната прес-конференција пред натпреварот со Барнли португалскиот фудбалски стручњак ги наведе своите успеси и нагласи дека без разлика дали сезонава ќе освои титула или не, тој останува еден од најдобрите тренери во светот.
- Постигнав голем успех минатата година и тоа е нешто што веројатно не сакате да го препознаете. Пред две години имавме одлична сезона и ја освоивме Лига Европа. Ние сме последен англиски клуб кој дошол до европски трофеј. А јас сум единствениот тренер, кој освоил осум титули во Италија, Шпанија и Англија, а тоа не се мали титули, истакна Мурињо.
Јунајтед по три кола во Премиер лигата има една победа и два порази, а за Мурињо ова е еден од најлошите почетоци на сезона во неговата кариера.
Во четвртото коло в недела Јунајтед ќе се соочи со Барнли.