Незадоволството на Американците од претседателот Доналд Трамп е на нов максимум откако најнова анкета покажа дека 60 отсто не ја поддржуваат неговата работа во Белата куќа.

Од тие 60 отсто незадоволни, во анкетата на Еј-Би-Си Њуз и „Вашингтон пост“, 53 отсто силно не го одобруваат однесувањето на Трамп.

Анкетата покажува и дека истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер има широка поддршка од Американците, додека половина испитаници го поддржуваат Конгресот да инцира постапка за отповикување на претседателот.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2018 18:30