Њујоршката полиција мораше да блокира дел од центарот на градот, откако доби дојава дека чадор за сонце над еден штанд за продажба на ход-дог е преплавен со голем рој од пчели.

Како што oбјавија американските медиуми, околу 20.000 пчели одеднаш слетале на штандот, а невообичаената гледка го привлече вниманието на бројните минувачи и туристи на Тајмс сквер.

Откако полицијата блокираше дел од околниот простор, еден полицаец облечен во специјално заштитно одело со помош на поседен уред за еден час ги залови сите пчели.

Потоа со посебен контејнер пчелите беа пренесени во нов дом на Лонг Ајленд.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2018 19:09