Фудбалерите на Милан ги освоија трите бода на дербито со Рома одиграно синоќа во Милано. „Росонерите“ триумфираа со 2:1 со гол постигнат во петтата минута од судиското надополнување.

Претходно во текот на натпреварот, судијата им поништи по еден гол на двете екипи по прегледување на снимката на ВАР системот кој за првпат се користеше на „Сан Сиро“.

За Милан ова беше прва победа во вториот дуел од новата сезона во Серија А.

Рома одигра три натпревари и по синоќешниот пораз има по една победа, нерешено и загубен меч.

Другите натпревари од 3.коло се играат викендов.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2018 10:54