Американскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа изјави дека напад на сириските владини сили врз провинцијата Идлиб, која е под контрола на бунтовниците, ќе значи ескалација на конфликтот.

- САД на ова гледаат како на ескалација од веќе опасниот конфликт, напиша Помпео на Твитер.

Тој во исто време го осуди и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров поради тоа што „го брани сирискиот и рускиот напад“.

Лавров вчера изјави дека сириската Влада има секакво право да ги истера „терористите“ од енклавата Идлиб. Тој додаде и дека се разговара за воспоставување на хуманитарни коридори во провинцијата.

Шефот на руската дипломатија во четвротокот го предупреди Западот да „не си игра со оган“ во Идлиб, посочувајќи дека се подготвува нова провокација со цел да се попречат плановите за спроведување на антитерористичка операција во Идлиб.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2018 11:33