Најмалку 18 луѓе се повредени откако авион синоќа излета од пистата и делумно се запали на аеродромот во Сочи, соопшти руското Министерство за здраство.

Боинг 737 со 164 патници и шест членови на екипажот леташе од Москва за Сочи.

Меѓу повредените има и три деца.

Авионот излета од пистата при слетување, ја проби заштитната ограда и заврши на брегот на реката во близина. Потоа се запали тркалото и крилото на авионот, како и левиот мотор.

Поради инциднетот денеска се одложеби 20-тина летови од аеродромот во Сочи.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2018 11:36