Три лица загинаа, а десетици се повредени при експлозија на автомобил-бомба во сирискиот град Азаз, јави телевизијата „Скај њуз Арабија“.

Нападот бил насочен кон протестен собир на кој се барало нови локални избори.

Азаз кој се наоѓа во северниот дел во Сирија е под контрола на бунтовниците, кои имаат поддршка од Турција.

Се уште никој не презеде одговорност за нападот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2018 14:14