Босанската полиција ноќеска открила 50-ина мигранти од Авганистан, Иран и Пакистан, сокриени во товарен воз кој влегувал од Србија.

Мигрантите биле запрени кај Зворник. За време на полицискиот претрес, дел од нив побегнале назад кон Србија, додека преостанатите, кои биле фатени од полицијата, биле вратени во Србија од страна на босанските власти.

Во изминатата година Босна станува се поважна алка на балканската мигрантска рута. Во текот на 2018 година, босанската полиција регистрирала дури 11.000 мигранти, од Блискиот Исток, јужна Азија и северна Африка. Мигрантското прашање предизвика и политички тензии во Босна, пред се околу локациите за прифатните центри.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2018 14:59