Супермоделот Адријана Лима е на крилјата на љубовта и тоа не останува незабележано. Ангелот на „Викторија Сикрет“доживува романса со турскиот писател Метин Хара и не се обидува да ги сокрие чувствата. Таа често и пред очите на папараците покажува колку е вљубена.
И додека Бразилката во јавноста слободно си позира со својот партнер, нејзиниот поранешен сопруг, кошаркарот Марко Јариќ, кој е татко на нејзините две деца - Сиена и Валентина, успева да ги задржи во тајност личниот живот.
Затоа медиуми во Србија скокнаа против Лима. Тие најавија дека жешката Лима прави скандали постојано, додека поранешниот играч од НБА е татко за пример.
- Марко голем дел од времето го поминува со мали девојчиња и дури ги посетува во домот на баба им, пишуваат медиумите во Србија.
Лима и Јариќ се разведоа во 2016 година.