Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски постигна убав гол за Палермо синоќа во ремито со Кремонезе (2:2).

Трајковски го совлада гостинскиот голман во 26.минута со удар од 20-ина метри откосо.

Вториот Македонец во тимот на Палермо, Илија Несторовски во игра влезе во 72.минута.

Палермо исто како и Кременозе имаат по два нерешени натпревара во првите две рунди од Серија Б.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2018 03:26