Папата Франциско денеска го повика човештвото да се мобилизира за да стави крај на исфрлањето пластика во морињата.
- Не можеме да дозволиме нашите мориња и океани да бидат извалкани со бесконечни полиња на пловечка пластика. Мораме да се молиме, како се да зависи од божјата промисла, и мораме да работиме како се да зависи само од нас, изјави поглаварот на Католичката црква. Се смета дека осум милиони тони пластика, пред се рибарски мрежи, се исфрлаат во водите секоја година. Според папата, овој проблем предизвикува закана како за морските животни, така и за човештвото. Папата Франциско во 2015 година објави документ во кој предупредува на опасноста од глобалното затоплување, за која вели дека е предизвикано од човекот.
Неговата нова иницијатива доаѓа во време кога црката, и папата лично, се критикувани за прикривање на проблемот со сексуалното малтретирање деца и малолетници од страна на свештеници.