Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе по натпреварот од четвртиот круг на шампионатот на Франција против Ним (4:2) изјави дека не жали за неговото отстранување. Тој доби црвен картон во последната минута поради туркање противник.
- Бев вознемирен поради постапките на дерфанзивците на противникот. Ова е фудбал, и треба да научите да ги ограничувате емоциите. Кога играте за ПСЖ, ова се случува секој пат. Ако ова ме вади надвор од колосек, тогаш ќе добијам уште многу други исклучувања. Но, не жалам што се однесував така. Ако ова се случи повторно, би го сторил истото. Се извинувам на навивачите, но не можам немо да ги гледам активностите на бранителите. Тој дури и не се обиде да игра топка, истакна Мбапе.
Што се однесува до стартот на неговиот тим во новата сезона од Лига 1, Французинот е задоволен.
- Ако сакаме да бидеме одличен тим, мора да веруваме во себе. Добро тргнавме и треба да продолжиме да се надградуваме, рече Мбапе.
19-годишниот напаѓач поради црвениот картон ќе ги пропушти најмалку следните два дуела во Лига 1.