Тренерот на Челзи, Маурицио Сари, по победата над Борнмут (2:0) во четвртиот круг од Премиер лигата забележа дека играта на неговите избраници не е на највисоко ниво, но со оглед на тоа дека е почеток на првенството е задоволен.
- Тоа беше неверојатно тежок натпревар против добро организиран тим во одбраната. Задоволен сум и со резултатот и со прикажаната игра. Во моментов сум среќен со моите играчи. Совршено се справуваат со нивните задачи и во обуката, и за време на натпреварите. Се разбира, среќен сум што успеавме да освоиме максимум бодови во првите четири круга, но верувам дека секогаш можеме да направиме повеќе и секогаш имаме простор за понатамошен раст, истакна Сари.
Тој побара од навивачите да не создаваат еуфорија.
- Минатата сезона на крајот Челзи имаше 30 бода зад шампионот. Ќе биде неверојатно тешко да се намали таквата разлика за една година. Затоа сега мора да бидеме задоволни со она што успеавме да го постигнеме до овој момент, посочи предводникот на Челзи
„Сините“ од Лондон заедно со Ливерпул се на делба на првата позиција со по 12 бода.