Покрај МТВ фестивалот ќе го пренесуваат уште седум балкански телевизии и австралискиот сателитски канал INTV. Водители се Марјана Станојковска и Васил Зафирчев, а своe шоу  ќе има Трифун Кoстовски.

На 25-тиот јубилеен меѓународен фестивал „Охрид фест-Охридски трубадури“ кој ќе се одржи на 6-7 и 8 септември, ќе настапат преку 80 изведувачи. Фестивалот покрај македонската телевизија ќе го пренесуваат уште  седум балкански телевизии и австралискиот сателитски канал INTV.

Подготовките за фестивалот се во завршна фаза. Од денес (понеделник), на кејот од Охридското езеро пред хотелот „Нова Ривиера“ почнува монтажата на големата сцена, на озвучувањето и светлосните ефекти. 

Комплетиран се списоците на пејачи и песни кои ќе бидат преимерно изведени на Фолк, Поп  и Интернационалната вечер. Во рамките на Поп вечерта, додека жиријата гласаат, свое шоу ќе има познатиот бизнисмен Трифун Костовски, голем љубител и подржувач на музиката. Песните од Поп Фолк вечерта ќе се најдат на ЦД-еа кои ќе ги  сними „Сенатор“ од Битола.

На Поп вечерта поголем простор за афирмација ќе и биде дадена  на новата млада и надежна генерација пејачи.На програмата се наоѓаат 18 песни кои ќе ги слушнеме во извдба на Ѓерѓи Пандо, Александар Здравков, Сашко Андриески, Рената Блажевска,The G Notes, Анастасија Аврамовска, Симеон Коруноски, Горан Наумовски, Дует ЧОКИ, Жармена, Денис Димоски, Трио ЏЕНТЛЕМЕНС, Лени Партикова, Огнен Здравковски, Зои Блаж, Пепа Димовска, Филип Јордановски и Лена.

На минатогодишните Охридски трубадури   првата награда  на стручното жири ја освои мелодијата „Очи зелено сини“( Горан Милошески ) додека првата награда на публиката и припадна на песната  „Силна“ која ја исполни Пепа.

Поп вечер - Oхридски Трубадури 2018

1.Ѓерѓи Пандо - За тебе м. и т. Ѓерѓи Пандо ар. Димче Китрозоски 2.Александар Здравков - Малечка м. и т. Александар Здравков ар. Жарко Настески Точак 3.Сашко Андриески - Остани м. и т. Сашко Андриески  ар. Драган Ристовски 4. Рената Блажевска - Љубовен печат м. и ар. Борче Шабаноски т. ЦанеТрајцевски 5.The G Notes - Кој ли ѓавол м. Константин Карев – Глигор Гошев т. Константин Карев  ар. Глигор Гошев –Филип Динев 6 Анастасија Аврамовска - Ти си мојот херој м. Иле Спасев т. Иле Спасев -Анастасија Аврамовска ар. И.Спасев  А.Сирилик 7.Симеон Коруноски - Што ни остана м. и т. Симеон Коруноски   ар. Иле Спасев 8.Горан Наумовски - Црно-бел филм   м. т. и ар. Слободан Наумов 9.Дует ЧОКИ - Песната е наша судбина м. и ар. Горан Милосески т. Огнен Неделковски 10.Жармена - Сите мои сни м. т. и ар. Димче Китризоски 11.Денис Димоски - Не знам м.Филип Неделковски т. Огнен Неделковски  ар. Рубин Димоски 12.Трио ЏЕНТЛЕМЕНС - Убавина м. Хрис Марин т. Огнен Неделковски  ар. Владимир Дојчиновски 13. Лени Партикова - Спомени м. и ар. Горан Милосески т. Ефтимија Јованова 14.Огнен Здравковски - Разбуди ме м. Крис Марин т. Огнен Неделковски  ар. Владимир Дојчиновски 15. Зои Блаж - Свинг м. и т. Рики Марин  ар. Владимир Дојчиновски 16. Пепа Димовска - Ти си тој м. Крис Марин т. Огнен Неделковски  ар.Владимир Дојчиновски 17.Филип Јордановски – Без тебе м. и ар. Владимир Дојчиновски  т. Ристо Самарџиев 18. Лена - Дојди или оди си м. т. и ар. Владимир  Дојчиновски



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2018 12:46