Кипарските власти информираа дека вчера задржале две групи од вкупно 35 мигранти од Сирија, кои пристигнале со бродчиња.

Првиот брод бил откриен од страна на кипарски патролен брод југоисточно од островот и 25-те мигранти биле префрлени на копно, а една бремена жена што била меѓу нив е хоспитализирана. Вториот брод со 10 мигранти пловел северозападно од Кипар, и тие се испратени во мигрантски центар. Во петокот беа задржани уште 24 Сиријци, кои исто така пристигнале со брод до Кипар.

Иако се наоѓа блиску до Сирија, Кипар обично не е цел на поголеми групи мигранти, поради неизвесноста дали ќе може оттаму да се продолжи патот кон западна Европа.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2018 12:55