Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола објасни зошто во составот за натпревар од Премиер лигата со Њукасл (2:1) не беше Лерој Сане.

Според Шпанецот, во тимот има многу добри играчи и конкуренцијата за секој натпревар е голема, а тој одлучува на кого ќе даде шанса.

- На претходниот меч место немаше за Фил Фоден. Овој пат таков беше случајот со Сане. Имаме шест напаѓачи, и решив да изберам двајца напаѓачи. Исто така, двајца играчи беа на теренот, еден замина во резерва. Овој избор беше таков. Сане треба да продолжи да работи напорно и можеби ќе игра на следниот натпревар, изјави Гвардиола.

Манчестер Сити е бранител на трофејот во Премиер лигата, а по првите четири рунди во годинашното првенство има три победи и едно реми.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2018 13:10