На граничните премини Табановце и Богородица се чека по 15 до 20 минути, а на остатаните гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто-мото сојузот на Македонија.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.