Премерката на Велика Британија, Тереза Меј денеска изјави дека нема да овозможи уште еден референдум за членството на земјата во Европска унија.

- Со повторно поставување на такво прашање, тоа би било големо предавство на деократијата, наведува Меј во авторски текст во „Телеграф“.

Таа истакнува дека нема да биде натерана да прави компромиси со Брисел, кои не се во национален интерес.

- Следните месеци ќе бидат критични за обликување на иднината на нашата земја и нема сомнеж во тоа што треба да го направам, посочи Меј.

Британската премиерка се соочува со се посилна кампања за организирање на уште еден референдум за излез на Велика Британија од ЕУ.

ЕУ условно го прифати планот на премиерката Меј, кој подразбира заштита на прекуграничната трговија, но пред нив се тешки преговори. Планот подразбира Велика Британија да остане во зона на слободна трговија со ЕУ, но според некои критичари на тој начин некои делови од британската економија и понатаму ќе зависат од правилата на Брисел.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2018 14:57