Македонскиот репрезентативец Енис Барди забележа една асистенција на денешното градско деби што неговиот тим Леванте го играше на домашен терен со Валенсија.

Барди од половина терен му асистираше на Роџер во 33.минута за во тој момент водство на Леванте со 2:1.

До крајот Валенсија го изедначи резултатот на 2:2, а Леванте од 76.минута остана со фудбалер помалку поради исклучувањето на Коке.

По денешниот дуел кој се играше во рамките на 3.коло од Ла Лига, Барди се враќа во Скопје каде треба да му се стави на располагање на селекторот Игор Ангеловски за претстојните натпревари на Македонија во Лигата на нации.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2018 21:26