Руски хеликоптер Ми-8 со екипа геолози денеска исчезна од радарите во Иркутск, соопшти регионалната воздухопловна агенција.
Руската федерална агенција за сообраќај соопшти дека во тек е потрага по хеликоптерот, а Канцеларијата на јавниот обвинител наведе дека е покрената истрага.
Хеликоптерот Ми-8, во сопственост на компанијата „Ангара ерлајнс“ полета во 11 часот по локално време од градот Уст-Кут и набрзо исчезнал од радарите.
Со леталото се превезувале три лица.