Белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку ги постигна двата гола во вечерашната победа на Манчестер Јунајтед на гостувањето кај Барнли и со тоа го намали притисокот што беше насочен кон тренерот Жозе Мурињо, за кого се шпекулираше дека ќе добие отказ во случај на пораз.

По четири рунди Јунајтед е на средината на премиерлигашката табела со половичен ефект од две победи и два пораза.

Затоа пак со изненадувања продолжи тимот на Вaтфорд кој славеше победа на дуелот со Тотенхем со 2:1. Токму Спарс во минатото коло го „понижија“ Манчестер на „Олд Трафорд“, но денес се „лизнаа“ на теренот на незгодниот ривал.

Вaтфорд со максимални 12 бода е на делба на првата позиција заедно со големите имиња на англискиот фудбал, Ливерпул и Челзи.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2018 22:50