Данската министерка за интеграција на странци Ингер Стојберг изјави дека Владата на оваа скандинавска земја ќе предложи закон според кој еден од условите за добивање данско државјанство ќе биде и идниот државјанин да не одбива да се ракува при поздрав.

Како што пренесуваат данските медиуми, таа прецизираше дека тоа официјално ќе се утврдува на соодветна церемонија во општината во која живее секој поединечен кандидат, на која обврзен дел ќе биде ракување на кандидатот со претставници на општината.

- Ракувањето е начин на кој се поздравуваме ние во Данска и покажуваме почит едни кон други во оваа земја. Затоа тоа е природен дел на една церемонија од овој вид, рече Стојберг додавајќи дека со тој чин кандидатот покажува дека го „прифатил данското општество и данските вредности“.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2018 10:05