Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд се извини за добиениот црвен картон на натпреварот од 4.коло во шампионатот на Англија против Барнли.

Јунајтед победи со 2:0, а Рашфорд беше исклучен во 71.минута по удирањето со глава на Фил Бардсли.

- Емоциите ме совладаа, не требаше да реагирам на тој начин. Им се извинувам на сите во клубот и на навивачите, напиша Рашфорд на Твитер.

20-годишниот Рашфорд го очекува суспензија од страна на англиската федерација (ФА).



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2018 10:15