Американската армија укинува помош од 300 милиони долари за Пакистан, бидејќи Исламабад бил неуспешен во борбата против милитантите.

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Пакистан дека им кажувал невистини на САД додека примале повеќе милијарди долари.

Портпарол на Пентагон изјави дека американската армија ќе ги потроши парите за други „итни потреби“. Тој потег допрва треба да биде одобрен во американскиот Конгрес.

Информацијата за укинувањето помош е објавена неколку денови пред посетата на американскиот државен секретар на Пакистан.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2018 10:17