По 12 години, фудбалерот од средниот ред Јаја Туре се врати во Олимпијакос. Неговиот договор со Манчестер Сити истече ова лето и тој одлучи да продолжи во Грција.
Туре имаше примамливи понуди од Вест Хем, како и од тимови од САД и Кина.
- Чест ми е што се враќам во Олимпијакос. Кога си заминував од тука кажав дек аеден ден ќе се вратам и го одржав ветувањето. Сакам трофеи со Олимпијакос, изјави Туре.
35-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата коска, во својата кариера има играно и за Беверен, Мателург Доњецк, Монако, Барселона и Манчестер Сити.