Во деветте основи и двете средни училишта во Кичево без поголеми тешкотии почна новата учебна година. Во клупите првпат седнаа 340 првачиња.

Градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари ги посети сите кичевски училишта денеска по повод почетокот на учебната година, истакнувајќи дека почна учебната година откако беа направени сите неопходни подготовки.

- Упатуваме честитки до учениците, наставниците и образовниот кадар да не следат добри денови со многу успех. Особено им честитам на првачињата и нивните родители посакуваќи им успех во учењето и напредок во нивниот живот, рече Дехари.

Тој денска, исто така, рече дека се преземени сите мерки за дезинфекција на училишта



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2018 13:20