ЕУ продолжува и оваа година да доделува средства за обезбедување на млеко, овошје и зеленчук во училиштата, соопшти Европската комисија.

Како и секоја година, буџетот за оваа намена изнесува 150 милиони евра за овошје и зеленчук и 100 милиони евра за млеко и млечни производи, јави БТА. Средствата, исто така, служат за образовни програми, со кои учениците ја учат важноста на добрата исхрана и начините за производство на храна.

За оваа учебна година, програмата ќе опфати над 30 милиони деца во ЕУ, се вели во извештајот.

Земјите од заедницата имаат слобода да го дополнат овој буџет со национални средства, како и сами да ги определат видовите на овошје, зеленчук и млечни производи што им се даваат на децата.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2018 14:55