Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини денеска изјави дека светот поминува низ хаотично време и оти европскиот блок мора поблиску да работи со меѓународните партнери, затоа што мултилатералниот систем е соочен со закани.
- Целиот свет поминува низ момент на хаос и прашање е дали тоа е моментално или е долгорочен тренд, рече Могерини во говор пред ЕУ амбасадорите во Брисел.
Таа предупреди дека „самата идеја за мултилатерализам се оспорува“.
Иако диркетно не го спомна претседателот на САД Доналд Трамп, Федерика Могерини ја подвлече важноста на нуклеарниот договор со Иран и договорот за климатските промени, кои Трамп ги отфрли.
- Ниту една голема сила не е вистински доволно голема во денешниот свет, оцени шефицата на дипломатијата на ЕУ.